ОПТИМУС КОМ ДОО е основана во 2014 година, со цел олеснување и развој на меѓународниот транспорт и услуги во регионот.
Успехот го должи на ефикасното посредување меѓу компаниите при реализирањето на нивните деловни интереси и обезбедување на брза и квалитетна услуга по намалени трошоци.
Во почетокот на 2017 година ОПТИМУС КОМ стана ЕКСКЛУЗИВЕН овластен издавач на ТАГ уреди за електронска наплата на патарините за Р. Србија во постпеид систем, за:
– Р. Македонија,
– Р. Турција,
– Р. Бугарија,
– Р. Албанија и
– Р. Грција
Голем број компании од регионот особено од Р. Турција, први го потврдија интересот и веќе имаат склучено договори за добивање на ТАГ уреди за постпеид електронска наплата на патарините
Следејќи ги потребите на компаниите и пазарните услови, ОПТИМУС КОМ постојано изнаоѓа начини како да го олесни вашето делување и остварувањето на вашите цели!