Транспортните компании од земјите во регионот – Р. Македонија, Р. Турција, Р. Грција, Р. Албанија и Р. Бугарија, кои пројавиле интерес за добивање на ТАГ уред за постпејд електронска наплата на патарините во Р. Србија потребно е да ги направат следните чекори:
–Да склучат договор со ОПТИМУС КОМ;
–Да обезбедат гаранција во рамки на износот кој вообичаено го трошат како средства за плаќање на патарини во период од 40 дена (банкарска гаранција или депозит во готово);
–Да приложат спецификација со регистерските броеви на своите возила и ИД број на ТАГ уред доколку го користат веќе конфигуриран во припејд систем;
–Доколку немаат ТАГ уреди да набават нов чија цена е 20 Евра во денарска противвредност (и треба да ги платат при набавка на истите);
–Ако имаат ТАГ уред конфигурирани во припејд систем тогаш добиваат нови конфигурирани за во постпејд, а своите припејд ТАГ уреди при добивањето на новите треба да ги вратат и нема да бидат задолжени со износ од 20 Евра по ТАГ уред;
–ТАГ уредот од денот на плаќање на фактурата за задолжување се добива на рака на адреса на компанијата во рок од 5 дена.
–По истекот на месецот компанијата добива фактура од ОПТИМУС КОМ како и спецификација за своите возила директно издадена од системот на Путеви Србије (во истата е наведен вкупниот износ во динари) со рок за плаќање од 2 дена (доставувањето е преку електронска пошта, и во оригнал во хартиена форма со брза пошта).