preloder

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА

Што значи постпејд ЕНП?

Електронската наплата на патарини (ЕНП) претставува современ модел на бесконтактно плаќање на патарините со примена на ТАГ уреди за соодветна категорија на возила.

Постпејд системот овозможува плаќање по реализација, односно плаќање на сметките за патарините од тековниот месец во наредниот.

Каде и како се добива ТАГ уредот за бесконтактно поминување на  патарините?

Доколку одредено правно лице сака да стане корисник на ЕНП во постпејд систем, потребно е да склучи договор со ОПТИМУС КОМ. Врз основа на договорот добивате фактура за задолжување за износ од 20 ЕУР по ТАГ уред, по плаќањето на истата, таг уредите ви се испраќаат на вашата адреса и доставуваат на рака.

Што ако веќе имам ТАГ уред во припејд?

Ако имате ТАГ уреди конфигурирани во припејд систем истите се заменуваат со нови конфигурирани за во постпејд. Вашите припејд ТАГ  уреди при добивањето на новите треба да ги вратите и нема да бидете задолжени со износ од 20 Евра по ТАГ уред.

Колку дена се чека за добивање на уредот, од склучување на договорот?

ТАГ уредот се добива во рок од 5 дена од денот на плаќање на фактурата за задолжување, на рака на вашата адреса.

Како се поставува/користи  ТАГ уредот?

Отворете го линкот упатство за поставување и/или упатство за користење на ТАГ уредот.

Дали ТАГ уредите може да се пренесат и користат на други возила?

ТАГ уредите кои се конфигурирани за прва категорија – патнички возила, можат да се користат на различни возила т.е. независно од сопственоста и регистарскиот број на возилото, за сите останати категории ТАГ уредот е непренослив.