ЕНП ПРОЦЕДУРИ И УСЛОВИ

1. При доаѓање на лентата за наплата на патарината, потребно е да почеката рампата да се спушти, откако поминало возилото пред вас;

2. При доаѓање на лентата за ЕНП, и при влез и при излез на автопатот, уредот пушта звучни сигнали со кои се известуваат учесниците во сообраќаот за успешното регистрирање на таг уредот, односно:

-Ако се огласи звучниот сигнал со еден бип, значи дека наплатата  е успешна и возилото може да продолжи со движење;

-Ако се огласи звучниот сигнал два пати, наплатата е успешна, но на таг уредот  е регистрирано дека немате доволно средства за следната патарина (во случај на ПРИПЕЈД  ЕНП) , па е потребно да ја надополните сметката пред да ја користите понатаму за следна патарина.

-Ако се огласи звучниот сигнал 4 пати, возилото треба веднаш да застане, бидејќи не може да ја користи ЕНП поради следните причини: уредот е регистриран дека е на црна листа и како таков е неупотреблив или системот регистрирал недоволно средства на сметката на ТАГ уредот за припејд наплата на патарините. А доколку возилото и покрај звучните сигнали се обиде да ја напушти наплатната станица /лента, механичката рампа нема да се подигне и може да дојде до оштетување на возилото.

-Ако звучниот сигнал не се  огласи, ТАГ уредот не е регистриран, учесникот во сообраќајот треба да го застане возилото и да побара помош од овластено лица. Без дозвола и помош од страна на овластеното лице, се забранува движењето и кон назад и преминување од една во друга наплатна  лента.

3. Кај секоја лента за ЕНП е поставен електронски дисплеј, на кој можат да се видат следните информации:

-На влезната ЕНП лента: категорија на возилото, регистарската ознала на возилото и висината на кредитот на таг уредот (во случај на плаќање со припејд картичка за ЕНП);

-на излезната ЕНП лента: категоријата на возилото, висината на платената патарина и во случај на припејд ЕНП , останатиот износ на ТАГ уредот;

-ЦРВЕНОТО СВЕТЛО означува дека не е дозволено минувањето на возилото;

-ЗЕЛЕНОТО СВЕТЛО означува дека е дозволено минувањето на возилото.

  • Влезните/излезните ленти на наплатните станици, каде што е овозможено користењето на ТАГ уредите за електронска наплата на патарините (ЕНП)се означени со променлива светлосна сигнализација, поставена на настрешниците над нив:
  • Во услови на максимална оптовареност на сообраќајните ленти на наплатните станици, JP „Putevi Srbije“ го задржуваат правото да ги претворат лентите за ЕНП во комбиниран режим на работа, со наизменична светлосна сигнализација која ќе укажува на можност за ЕНП или за мануелна наплата, каде што патарината може да се плаќа и преку таг уред, во готово или со платежни картички, со цел да се осигури максимален проток на сообраќајот на наплатните станици.